„АстраЗенека“ вечерва на состанок со претствници од ЕУ

by fokus

Претставник на Астра Зенека сепак ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на Европската комисија и земјите-членки. Тоа го потврдија дипломатски извори во Брисел за западни медиуми.

– Тие ни рекоа дека немаат ништо ново да ни кажат, но на крајот извршниот потпретседател на компанијата, Искра Реиќ, рече дека ќе присуствува на состанокот и ја очекуваме“, наведуваат изворите од Брисел.

ЕУ издвои 336 милиони евра за „Астра Зенека“ за развој на производи за вакцината против Ковид-19 и 400 милиони дози се нарачани со потпишаниот договор. „АстраЗенка“ требаше да биде првата вакцина со која ќе почне масовна вакцинација во ЕУ.

-Имавме среќа што вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ беа претходно одобрени, бидејќи „АстраЗенека“ може да испорача само една четвртина од дозите планирани за првиот квартал од 2021 година, наведуваат изворите во Брисел.

Според нив, за разлика од „Фајзер“, од кого добиле конкретни одговори за проблемот во производството и надоместокот на вакцините, од „АстраЗенека“ сепак очекуваат јасен одговор за тоа што се случува со производството и испораката на вакцините од четири фабрики лоцирани во Европа. од кои две во Велика Британија.

-Не може сите произведени вакцини во Европа, да останат во Европа и тоа е нормално. Но, исто така, природно е да произведуваме за себе за да избегнеме проблеми со увозот, заклучуваат изворите.

Поврзани новости