Анкета на “Димитрија Чуповски” по нарачка на “Коза ностра”

by lali

Анкетата треба да ги маргинализира резултатите од една друга анкета, направена од агенцијата “Рејтинг” која сосема нереално го претстави јавното мислење во земјава. За да нема никакви сомнежи ви ги даваме во целост прашањата и резултатите:

1. Дали сте задоволни од начинот на кој Владата управува со државата?

а) да

2. Ве молиме бидете поконкретни колку сте задоволни?

а) пренајмногу
б) ептен многу
в) многу

3. Дали се сосласувате дека денеска во Македонија се живее подобро од кога било?

а) да, никогаш не било волку убаво
б) да, благодарни сме на владата на овие убавини
в) да, планирам да се отселам во САД да видам дали и таму е толку убаво
г) да, се согласуваме Грујо да се прогласи за доживотен премиер на Република Македонија

4. Кој политичар во Македонија најмногу ви се допаѓа?

а) Никола Груевски
б) Ѓорге Иванов
в) Зоран Ставревски
г) Никола Тодоров
д) Коце Трајановски
ѓ) Миле Јанакиевски

5. Дали мислите дека Македонија со една нога е во ЕУ, само се чека да ја исфрлат Грција од таму?

а) да, на Македонија местото е во ЕУ
б) да, Грција е фашистичка земја
в) да, а во Грција одам само на одмор

6. На кој медиум најмногу му верувате?

а) Сител
б) Канал 5
в) Курир
г) Република
д) Радио Слободна Македонија

7. На која емисија најмногу и верувате?

а) Вести на Сител со Драган Павловиќ Латас
б) Вести на Сител со Ивона Талевска
в) Јади бурек со Јанко
г) Лејт најт шоу со Милојко

8. За проектот “Скопје 2014” сметате дека:

а) е нешто што му требаше на Скопје
б) најголем капитален проект во земјава
в) преубав

9. За се што е лошо во државава е крив:

а) Бранко
б) Заев
в) СДСМ

10. Партиски рејтинзи: За кого би гласале ако утре има избори?

а) ВМРО-ДПМНЕ
б) СПМ
в) ДОМ
г) ДУИ
д) ДПА
ѓ) Позитивна Македонија
е) ГРОМ

Анкетата покажа висок степен на доверба на граѓаните во политиките на Владата (100 отсто). Од тие што сакаа да одговараат на прашањата, дури 70 отсто сметаат дека многу се задоволни, 20 отсто ептен многу, а 10 отсто пренајмногу. Испитаниците се согласни дека никогаш не било волку убаво, иако 67 отсто ќе скокнат до запад да проверат дали и таму е толку убаво. На Македонија местото и е во ЕУ, а Грција е фашистичка земја (57%), освен во летниот период кога е туристичка дестинација (90%). Сител и натаму е медиум со најголема доверба, додека кај емисиите публиката е поделена меѓу Латас, Јанко и Милојко (сите по 33,33%).

Огромен број од граѓаните сметаат дека Бранко е крив (93%).

Кај партиите од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 70% рејтинг пред СПМ со 1,5%. Во опозициските партии на Зиков и Стевчо Јакимовски веруваат само еден процент од испитаниците.

Поврзани новости