Груевски заложи четири стана за Субрата да се брани од слобода

by lali

Премиерот Никола Груевски одлучи да направи конкретни чекори за да му помогне на својот пријател Субрата Рој. Тој реши да заложи четири семејни стана за да може Субрата да се брани од слобода. Се очекува неговиот чекор да го следат и други поединци и институции. Засега најава има од Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска и Силвана Бонева. Од институциите најхумана беше Народната банка која ги заложи државните резерви. Интересна е и подготвеноста на МПЦ да ги заложи Љубаништа, Св. Наум и хотелот Изгрев за да се извади инвеститорот од притвор.

– Сакаме да помогнеме брат Субрата од слобода да ја докаже својата невиност. Воедно, очекуваме граѓаните да не покажуваат нестрпливост за најавените 20.000 крави. Го замоливме Субрата да не ги носи пред избори за да не ги лапне сите предвидени субвенции за оваа година – изјави премиерот.

Поврзани новости