Тој вети дека во иднина зимно време нема да ги затвора во замрзнувач, туку во шпорет на потопло. Во однос на шлаканиците, вели дека ќе ги користи само ако премногу го изнервираат. Ја искористи приликата да се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика, како и на Трудовата инспекција, за разбирањето што го покажуваат за странските инвеститори.
– Малку се претерува со работничките права. Прво, ми бараат да ги пријавам работниците на цела плата, на илјади денари. Потоа, дрско и безобразно се бара од нас инвеститорите да ги пуштаме навечер дома да си одат за спиење. Перверзија е барањето да им овозможам годишен одмор. Што ќе им е? Да не ќе одат кај нас во Грција на одмор со 8 илјадарки. Исега и ова со замрзнувачот им пречело. Но, еве изнајдовме начин и за ова барање да излеземе во пресрет – изјави грчкиот газда за “Коза ностра”.