Груевски се маскира како Индиец во знак на поддршка за брат Субрата

by lali

Револтиран што огромен број македонски медиуми го игнорираат апсењето на големиот пријател на Македонија, Субрата Рој, и се прават слепи за неправдите низ кои тој поминува во неговата татковина, премиерот Никола Груевски одлучи да се маскира во Индиец. Тој на денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ одговори на фрлената ракавица од самурајот Зоран Заев и стави турбан на главата, што наиде на широко одобрување кај македонската јавност жедна за странски инвестиции од Индија.

– Можеби на некои им личам на лик од “Малечката невеста”, но не можев веќе да го трпам молкот на нашите медиуми за она што му се случува на братот Субрата. Ве повикувам сите вас што си гледате сеир да се сетите дека ова ќе значи дека најубавото парче македонска земја од Љубаниште до Свети Наум ќе мора да и остане на Македонија, а таман го омаживме за еден добронамерен и добро ситуиран индиски господин. Ве прашувам: Не ли ви е барем малку жал што оваа љубов е присилно задушена – прашува Груевски.

Поврзани новости