Амди Бајрам ги задолжи снаите: Без сармички не седнувам на маса!

by Fokus 12:11
12:11
Пратеникот Амди Бајрам ќе ја дочека Новата година во домашен амбиент, со семејството. Вели дека веќе неколку години наназад празникот го минува дома, и единствено може да се случи да излезе на плоштад. Патувањата надвор од земјава, во познати ски центри и луксузни хотели ги оставил зад себе, бидејќи како што вели, му натежнале годините.

,,Кога бев помлад одев насекаде. Ма нема каде не сум бил за Нова година! Тоа беа убави времиња, ама сега годините си го направија своето. Но, не се жалам. Ние политичарите сме постојано отсутни, и ова е добар повод да поминеме време со семејството’’- раскажува Бајрам.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Додава дека ќе слави со децата, снаите, внуците, а женскиот дел од семејството бил задолжен за богатата трпеза.

,,Бидејќи не јадеме свинско месо, на Новогодишната трпеза задолжително имаме печено јагне. Оваа година снаите ќе приготват и младо телешко, секако и риба. Без сармички не седнувам на маса, редовни ни се на менито. Салатите мора да бидат застапени, треба да се внимава и на здравјето, а најважно од се е тоа што ќе се собереме како фамилија. Снаите се ангажирани за подготовката и тоа го прават со мерак’’ – вели Амди.

Тој и посака добро здравје на целата нација во 2018 година, при тоа потенцирајќи дека просперитетот на граѓаните зависи од мудроста на политичарите.

,,Мора да се доведе во ред политичката состојба, да се средат нештата во собрание, само така може да се оди напред. Се надевам дека во Новата година политичката состојба ќе ни се врати во нормала, со тоа ќе се нормализира и секојдневието на народот. Само со мудри политичари може да имаме среќни граѓани. Им посакувам успешна година на сите, на обичниот граѓанин, на власта, на опозицијата, на сите луѓе’’ – порача пратеникот.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости