Со последните регистрирани случаи на заразени со корона вирусот, 131, вкупната бројка на активно заболени во земјава се искачи на 2.683, од кои најмногу 856 се во Скопје и 377 во Куманово, додека без регистрирани активни случаи се градовите Ресен и Крушево.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14.293.
Додека Дебар и Кичево се без новозаразени во последните 24 часа, Делчево со десет нови случаи е меѓу градовите со најмногу заразени.
Во Кичево вчера не се регистрирани нови заразени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 остана на 269 лица, од кои 70 се активни, 187 се излекувани и 12 лица се починати.
Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.
Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрира 81 оздравен пациент и шест починати, со што бројката на оздравени пациенти е 11.014 и 596 починати.