669
Европското регулаторно тело за лекови ЕМА денеска препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и БионТек.
ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.
Дистрибуцијата на првите вакцини против Ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ би започнала во исто време – на 26 декември, а вакцинациите еден ден подоцна.
ЕУ потенцира дека условите за вакцинација ќе зависат од националните стратегии на земјите-членки.