Филипче: Патриотизам е силно здравство, правосудство и економија

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва на трибина на СДСМ во Охрид изјави дека патриотизам, според него, подразбира силно здравство, силно правосудство, силно образование, силна економија.

-Сега сме соочени со еден голем предизвик, а тоа е масовната вакцинација. Апелирам сите да се вакцинирате, потребна ние е здрава нација, здрави граѓани, потребно ни е здравството да може да се занимава со други работи, освен со пандемијата – истакна Филипче.

Тој порача дека идентитетот и јазикот не се предмет на преговори во спорот со Бугарија.

Поврзани новости