Фуeре: Бугарското вето е срамно и за ЕУ

by fokus

Ветото на Бугарија за евроинтеграцискиот процес на земјава е срамен чин на бугарската Влада, но тоа е и срамен чин за ЕУ затоа што не успеа да спречи земја-членка да ја киднапира политиката на проширување за да ја промовира својата националистичка агенда на начин кој е спротивен со сите вредности на ЕУ, вели поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере.

-Се воодушевувам на истрајноста на македонската Влада и особено на граѓаните на кои им беа дадени многу ветувања за прифаќање на Преспанскиот договор, со перспектива дека тоа ќе ја отвори вратата за членство во ЕУ и преговори за членство, а на секој чекор бевте напуштани од ЕУ. Неуспех е на ЕУ што не го одржа ветувањето на многу флагрантен начин и мислам дека тоа покажа недостиг на разбирања во ЕУ од опасностите што и се закануваат ако продолжи со ваквата политика – вели Фуере за ТВ 24.

Според него, обидите на Бугарија да ги внесе историјата и идентитетот во процесот на проширување на ЕУ претставуваат дополнителен удар врз политиката на Унијата за проширување и ја поткопуваат нејзината позиција не само во регионот, туку и во светот.

Поврзани новости