Заразеното дете е на возраст од 15 месеци, само еден час било во градинка

by fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска изјави дека заразеното дете од скопската градинка „13 Ноември“ од Центар, од 9 септември не одело во градинка.

-Станува збор за 15 месечно бебе, кое на 9 септември само 1 час било во градинка, во јасли. Родителите известиле дека детето вади запчиња, па затоа нема да оди во следните денови. Вчера, пак, ја известиле градинката дека целото семејство е заразено, како и бебето. Согласно протоколите, целата јаслена група е ставена под надзор, изјави министерката.

Таа додаде дека како влада биле  свесни за целиот процес и за ризиците, и затоа будно ја следиле состојбата, со цел брзо да реагираат.

Поврзани новости