Пополнети се капацитетите на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, каде моментално се сместени 23 пациенти, а во дневната болница се лекуваат шестмина, соопшти директорката на таа јавна здравствена установа, Снежана Захариева.
– Оваа бројка се менува од ден на ден. Имаме пациенти кои се со потешка состојба и тие се препраќаат на Клиника во Скопје. Имаме пациенти чија состојба е подобрена, тие се пуштаат на домашно лекување под постојан надзор на матичните и постојано се слушаат со инфектолозите. Од друга страна имаме и пациенти кои се на ампуларна терапија, кои немаат потреба од кислородна поддршка, нив ги опслужува домашна посета, потенцира Захариева.
Доколку, дополнително се зголеми бројот на пациенти, тогаш, најави Захариева, тие ќе се сметуваат на одделот за психијатрија каде болнички можат да се лекуваат 15 пациенти.