543
Во последните 24 часа во Бугарија од ковид-19 починаа уште 18 лица, што е најголем бројка на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата. Со овие последни случаи, вкупниот број на умрени достигна 563, јави БТА.
Бројот на потврдени случаи на ковид-19 достигна 15.386 откако од вчера до денеска се регистрирани нови 99 случаи на инфекција, од вкупно 3.588 тестирани, покажаа најновите официјални податоци на бугарските здравствени власти.
Во земјата во моментов има 4.326 активни случаи на коронавирус.
Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега.