Темелковски, кој се избори со Ковид-19: Додека бев во болница мислев на моите три ќерки, да ги видам и гушнам повторно

by fokus

„Јас сум татко на три преубави ќерки на кои сум многу горд. Додека бев хоспитализиран во битолската болница мислев само на нив. Да ги видам и да ги прегрнам“, вели Горан Темелковски, кој го победи Ковид-19.

Неговата приказна на фејсбук ја сподели министерот Венко Филипче.

„Сѐ уште постојат луѓе, со чиста душа, несебични. Луѓе без љубомора, завист, искрени и големи. Со големи срца. Таков е и Тони Ангелески, мојот постар цимер во болницата, кој ќе биде како брат додека јас постојам. Го заслужи мојот респект и благодарност во критичните два-три дена по моето хоспитализирање. Огромна благодарност до сите лекари. Врвни професионалци. Заслужувате награда и почит. Бидете дисциплинирани и почитувајте ги мерките. Јадете редовно и внесувајте многу овошје, зеленчук и консумирајте вода. Никој не е имун на ковид-19, бидете одговорни за себе и вашето семејство кое го сакате најмногу“, вели Темелковски.

Поврзани новости