Сасоли по втор пат во изолација поради ризик дека се заразил со Ковид-19

by fokus

Петседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли денеска објави дека ќе оди во самоизолација откако негов соработник со кој бил во контакт е со позитивен тест на ковид-19.

„Добро сум и немам никакви симптоми”. Во согласност со правилата, ќе бидам во самоизолација за потребниот период“, објави Сасоли на Твитер.

Ова е втор пат од почетокот на опандемијата Сасоли да оди во самоизолација. Во март тој беше во изолација поради патување во Италија.

Поврзани новости