686
Покрај новите 111 заразени од корона вирусот, во изминатите 24 часа регистрирани се и двајца починати.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години, информираат од Мнистерството за здравство.
Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 153 случаи.
Според статистикана на Институтот за јавно здравје, над 76% од починатите имале и други болести.