Над 2 милиони заразени од корона вирусот во светот, најмногу во САД

by fokus

Бројот на заболени од корона вирусот официјално надмина два милиони граѓани, односно според најновите податоци, во светот досега се заразени 2.004.383 лица. Од нив починати се 126.811, а оздравеле 485.304 луѓе.

– Најмногу заразени има во САД – 614.246, а починале 26.064 лица.

– Шпанија пријави 174.060 заразени, како и 18.255 смртни случаи.

– Во Италија од корона вирусот починале 21.067 лица, а заразени се вкупно 162.488 луѓе.

– Франција има 143.303 заразени, а починале 15.729 луѓе.

– Во Велика Британија има 93.873 заразени, починале 12.107 лица.

– Во Германија се регистрирани 2.486 нови случаи на корона вирусот, така што вкупниот број на заразени е 127.584, покажуваат денешните потоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

– Во Кина во последните 24 часа се пријавени 46 нови случаи на корона вирусот, а од последици од болеста починало едно лице, соопшти денеска Националната комисија за здравје. Повеќето новозаразени, 36 пациенти, дошле од странство. Така вкупниот број на увезени случаи на Ковид-19 во Кина достигна 1.500. Од нив 596 луѓе веќе оздравеле, а 904 се уште се лекуваат.

– Данската Влада планира да укине некои рестрикции побрзо отколку што се предвидуваше, затоа што бројот на хоспитализирани лица болни од Ковид-19 и понатаму опаѓа, изјави премиерката Мете Фредериксен.

– Во Романија од Ковид-19 почина уште шест лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 357. Бројот на заразени до вчера изнесуваше 6.879.

– Во Бугарија има вкупно 735 потврдени случаи на корона вирусот. Досега се излекувале 105, а починале 36 луѓе.

Поврзани новости