ЕК: Западен Балкан изземен од рестрикциите за извоз на заштитни маски

by fokus

Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јави МИА од Брисел.

Регулативата за посебни дозволи за извоз на заштитна опрема во рамките на борбата против корона вирусот донесена во март начелно ги изземаше само земјите вон ЕУ кои се членки на европската слободна трговска зона.

На барање на властите од шесте земји од регионот, Европската Комисија ја ревидираше одлуката забраните да не важат повеќе за западниот Балкан.

Сегашната регулатива истекува на 25 април, од следниот ден Западниот Балкан ќе може да увезува заштитни маски без претходни дозволи, што би требало значајно да ги забрза процедурите, но испраќа и политички сигнал до регионот.

Поврзани новости