Адеми: Победата е наша!

by Фокус

Благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина и ги осудуваме обидите на опозицијата која преку пропаганда сакаше да сее страв и паника кај граѓаните, изјави Арбер Адеми по затворање на гласачките места.

-Европскиот фронт ќе биде сведок на историска победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина, враќање назад нема и нема да има, волјата на граѓаните е пред се – рече Адеми.

Тој додаде дека Европскиот фронт ќе остане, како што рече, верен на волјата на гласачот.

-Победата е наша, на сите кои кажавте не на Русија, да на Европа – истакна Адеми.

Поврзани новости