506
Дваесет и тригодишно момче од Велес влезе во денешната статистика на ново заразени со Ковид-19. Според информациите кои ги дал, тој се заразил додека бил на одмор во Охрид.
Д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница за МИА појаснила дека момчето, кое веќе лежело на Инфективното одделение и чекало резултати од тест, се заразило при летување во Охрид.
Инаку, на Инфективното одделение при велешката Општа болница моментално на лекување се 17 пациенти, од кои 15 се позитивни на Ковид-19, а двајца сомнителни на болеста биле примени денеска и чекаат да им биде земен брис, за да се провери нивната здравствена состојба.