Меркел не е заразена со корона вирус, и третиот тест е негативен

by fokus

Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, а пренесоа светските агенции.

„Канцеларката и во следните неколку дена своите државнички работи ќе ги извршува од домашен карантин“, додава владата во Берлин во соопштение.

Канцеларката Меркел во домашен карантин се наоѓа повеќе од една недела, откако лекарот, кој и дал вакцина, бил позитивен на тестот за корона вирусот.

Поврзани новости