Кина: СЗО соопшти дека нема докази дека корона вирусот излегол од лабараторија од Вухан

by fokus

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека Светската здравствена организација (СЗО) посочила дека нема докази дека новиот корона вирусот потекнува од лабораторија во Кина.

Тоа го изјави портпаролот на Министерството за здравство, Жао Лиџијан, како одговор на тврдењата рече дека вирусот, од кој се заразени повеќе од два милиони луѓе на Земјата, потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан.

Алузии за потеклото на вирусот изрече и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, а претседателот Доналд Трамп рече дека неговата администрација се обидува да утврди дали вирусот за болеста Ковид-19 потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан.

Поврзани новости