671
И портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска објави дека има позитивен резултат на тестот за ковид-19.
Таа е последната од потесниот круг на американскиот претседател Доналд Трамп на која и е дијагностицирана болеста во изминатите неколку дена. Резултатот за тестот го добила денеска, а се тестирала откако во четвртокот стигнале позитивните резултати на Хоуп Хикс, советникот на Трамп.
Во четвртокот Мекенани имала и брифинг со претставниците на медиумите, но на Твитер објави дека не знаела за позитивниот резултат на Хикс пред средбата со новинарите.