Грчката влада денеска усвои нови мерки на однесување на плажите ширум земјата, а некој од нив подразбираат дека на плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни, како и дека минималната дистанца меѓу чадорите мора да биде четири метри.
Тие мерики ги усогласија министрите за развој, цивилна заштита, правда и внатрешни работи, а поради спречување на ширењето на корона вирусот.
На сила и натаму останува забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите, додека е дозволено да се пијат кафе и сокови.
Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а дистанцата меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри.
Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.
Може да се користат спакувани производи, додека на продавниците блиску до плажата, мора да имаат каса на отворено, а вработените да носат маски.
Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.