Германска студија: Не се создава траен имунитет од корона вирусот

by fokus

Во студија спроведена во Германија се изразува сомнеж дека лицата заразени со новиот корона вирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување.

Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19.

Исто така кај 40 проценти од пацентите без симптоми, два месеци по заболувањето, во крвта немале антитела.

– Во редовните прегледи утврдивме дека кај 40 проценти од нашите пациенти не настанале антитела. Тоа докажува дека нема долгорочен иминутет и оти пациентите повторно би можеле да заболат од корона вирус, изјави главниот лекар на болницата во Швабинг, Клеменс Вендтнер.

И германскиот виролог Кристијан Дростен изјави дека кај некои пациоенти исчезнуваат антителата односно слабеат по два месеца. Тој додаде дека антителата се само еден, а не единствен индикатор за имунитет.

Поврзани новости