Двајца кумановци ја изгубија битката со Ковид-19, бројот на починати се искачи на 551

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 108 заразени со корона вирусот, но и двајца починати пациенти.

-Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

Поврзани новости