574
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 125 заразени од корона вирусот, но и двајца починати пациенти.
-Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица, на возраст од 67 години, хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај, информирапе министерот за здравство Венко Филипче.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 4
– Свети Николе 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.