Двајца прилепчани новозаболени од Ковид-19 и вкупно 29 излекувани во Прилеп

by fokus

Двајца нови заболени од Ковид -19 денеска се регистрирани во Прилеп, додека пак, петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест, со што бројката на вкупно досега излекувани е 29 граѓани, информираат од прилепската локална самоуправа.

Според најновите информации, на инфективното одделение во градската болница, моментално се хоспитализирани 17 лица, позитивни на корона вирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 242 лица. Во деновите од викендот забележани се пет нарушувања на полицискиот час.

Поврзани новости