17 ученици заразени со корона вирус од почетокот на учебната година во Србија

by fokus

17 ученици се заразиле со корона вирус откако почна учебната година во соседна Србија на први септември. Главниот српски епидемиолог Предраг Кон во интервју за ТВ Прва изјави дека доколку состојбата се вложи, тогаш учебната година ќе продолжи онлајн.

-Засега не е одредено колку деца треба да бидат заразени за некое училиште да биде затворено, но засега се е во ред, вели Кон.

Тој додаде дека жали што не бил прифатен неговиот предлог, сите деца што се враќаат од одмор од странство да одат во 10-дневна изолација, за да се намали ризикот од зараза во школите.

Поврзани новости