730
Решение за изолација им е издадено на 15 лица од Неготино, кои имале контакт со заболени од корона вирус, информираат од СВР Велес.
Бројот на лица во изолација во градот се зголеми, откако пред четири дена беше регистриран позитивен случај. Се работи за маж на возраст од 38 години, кој најверојатно се заразил од свој колега, со кого заедно патувале на работа, известија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Од таму додаваат дека и во Кавадарци моментално има 11 лица во изолација, поради контакт со инфицирани.
-Земени се брисови од неколку лица, се чекаат резултатите. Ќе известиме кога ќе бидат готови – изјавија од центарот.
Вики Клинчарова