10 причини зошто треба да користите Ghee путер

by Fokus

Ghee путерот е познат како прочистен путер или безводна млечна маст која со илјадници години била користена како терапевтско средство во Ајурведската медицина. Се добива со загревање на путерот на температура од 100 °C, за да се отстрани содржината на водата, по што се филтрира. Ghee путерот на санскрит староиндискиот јазик е познат како “ghrta”. Според Ајурведската медицина е еден од најздравите извори на масти кои се користат во исхраната, помага во заштита на организмот од различни заболувања и овозможува долговечност.
Го подобрува варењето и ресорпцијата на храната, го зголемува дигестивниот оган “agni” и искористливоста на храната. Ја подобрува меморијата и го зајакнува нервниот систем. Во Ајурведската медицина се користи при третман на алергии, кожа и респираторни заболувања.
Многу Ајурведски препарати се добиваат со готвење на билки во Ghee путерот кој има улога на “транспортер” на активните компоненти од лековитите билки во ткивата.

Согласно научните истражувања Ghee го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите, а го зголемува нивото на добриот холестерол, поседува антиоксидантни и антиатерогени (против атеросклероза) својства, поради што како храна има значајна улога во намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Во стара Индија, бил многу ценет и користен како прв избор  на масти за готвење.

Топ 10 бенефити од употреба на органскиот Ghee путер

1.Може да се загрева на повисока температура.Има висока точка на чадење (температура на која се распаѓа на глицерол и масни киселини), поради што е подобар од останатите путери.

2.Извор е на масти и витамини растворливи во масти. Содржи витамин А, Д , Е.

3.Погоден за лица кои се интолерантни на протеинот казеин и млечниот шеќер лактоза. Овие составни компоненти на млекото се отстрануваат при процесот на добивање на путерот.

4.Содржи коњугирана линоленска киселина (CLA) којашто помага во намалување на холестеролот, високиот крвен притисок и го намалува воспалението.

5.Содржи бутиринска киселина. Има имуномодулаторно и противвоспалително својство и позитивно делува кај лица кои патат од Кронова болест и улцеративен колитис и допринесува во одржување на здрава цревна микрофлора.

6.Интензивен вкус и мирис на путер. При процесот на добивање се интензивира вкусот на путер, па со помала количина се добива поголема полност на вкусот.

7.Содржи витамин К.Помага во искористувањето на калциумот, со што овозможува правилен развој и одржување на здрав коскен систем и превенира појава на атеросклероза (калцификација на артериите), нормална коагулација на крвта, одржување на здраво срце и функција на мозокот.

8.Помага кај гојазност. Енергијата од масните киселини со среден ланец со кои е богат Ghee путерот помага во метаболизмот на другите масти, со што помага во регулирање на телесната тежина. Согласно литературни податоци Ghee помага во елиминирање на токсините кои тешко се отстрануваат од организмот на традиционален начин.

9.Го подобрува варењето на храната. Помага во зголемено лачење на гастричната киселина, го помага варењето на храната со што допринесува во одржување на здрав дигестивен тракт, а согласно некои студии помага и во случај на констипација.

10. Ги редуцира воспалителните процеси.Како извор на бутиринска киселина има значајна улога во редуцирање на воспалителните процеси. Помага да се создаде алкална средина и го намалува воспалението преку редукција на секреција на воспалителните медијатори леукотриени и простогландини.

 

 

 

Поврзани новости