Зеќирија Ибраими ги обвини СДСМ и ДУИ дека се обидувале да му го хакираат Фејсбук профилот

by fokus

Кандидатот на Движењето БЕСА за Градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими денеска на прес-конференција ги обвини СДСМ и ДУИ за напади врз неговата приватност, врз неговиот персонален мејл и Фејсбук профил.

-Последователните напади врз мојата приватност веќе неколку денови продолжуваат од кукавичките шефови на кандидатот на СДСМ-ДУИ за општина Чаир, кои на најподмолен и најнизок начин и со напади од најнечовечките се трудат мојот персонален маил и фејсбук (facebook) да ги држат под контрола злоупотребувајќи секаков вид на законска и правна норма. Овие напади кои понекогаш доаѓат од самиот кандидат, а понекогаш и од неговите шефови, покажуваат само паника и страв која ги зафатила мизерниве, кои ја чувствуваат нашата победа во Чаир на 15 октомври, и одговорноста која треба да ја сносат за нивните деградирачки дела, рече Ибрахими.

Тој изјави дека сите обиди за повредување на неговата приватност биле пријавени во МВР и побара од органите што побрзо да го разгледаат случајот и да бидат казнети сторителите.

Поврзани новости