Пратеници од мнозинството поднесоа предлог-закон за 25 метри квадратни зеленило по жител

by fokus

Пратениците Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петар Шилегов, Стефан Богоев, Диме Велковски, Благоја Бочварски и Ејуп Алими, денеска до Собранието поднесоа Предлог на закон за урбано зеленило.

Овој закон превидува целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, реконструкција, финансирање и управување со зеленилото. Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20 отсто.

Исто така, во веќе изградените блокови ќе се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.

Поврзани новости