Заев: Овие луѓе украдоа над 5 милијарди евра, нарачуваа шамари, рекетираа фирми, бркаа од работа

by Fokus

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев даде свој коментар во врска со доставените носители на листи од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија.

Според него, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години.

– Овие луѓе кои украдоа над 5 милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете – туку за да продолжат да крадат и да се богатат. Овие луѓе, кои нарачуваа шамари, бркаа од работа и рекетираа фирми, не ја бараат вашата доверба за да ве заштитат, туку за да се изживуваат врз вашите животи, со што го хранат своето его – истакна Заев.

Тој додава дека овие луѓе, кои принудиле над 626.312 луѓе да заминат во странство, а вас ве оставиле во солзи, немаат намера да ни ги вратат младите во Македонија, туку имаат само еден сон, да владеат.

– Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат. Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата. На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија – тврди Заев.

Поврзани новости