Синоќа во сообраќајка бил удрен автомобилот на Мила Царовска

by Fokus

Синоќа во скопската општина Аеродром се случила сообраќајка во која со автомобил била удрена претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска.

Според неофицијални информации од МВР,  автомобилот на Царовска бил удрен од позади од друг автомобил кој бил управуван од лице кое имало забрана за управување со моторно возило поради претходни сообраќајки. Му бил направен и алкотест и било констатирано дека е под дејство на алкохол.

Се очекуваат официјални информации од Министерството за вантрешни работи.

 

Поврзани новости