Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Садула Дураки влегоа во Одборот на директори на Телеком

by Фокус

Владата на денешната седница донесе и неколку кадровски одлуки. На предлог владината Комисија за именувања, Владата. како што информираа од таму, ги донесе следните одлуки:

– Александар Ранѓеловиќ, да се отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници да се избере Ѓоко Илиевски, предложен од синдикалната организација.

– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија ЕСМ, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

Исто така, Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член,  Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови  на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

Понатаму, Владата се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа и го именува Сенат Ахмеди за в.д. директор.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија.

Потоа, Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Поврзани новости