ЗНМ смета дека процесот против Божиновски е политичка конструкција на власта

by fokus

Здружението на новинари на Македонија денеска побара новинарот Зоран Божиновски да биде ослободен, бидејќи сметаат дека неговото апсење е политички мотивирано со цел да се затвори устата на еден новинар, кој има храброст да објавува скандали за власта.

-Институциите кои толку многу инсистираа да се екстрадира Божиновски од Србија, сега непотребно ја одлагаат постапката. Ако обвинителството имаше докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше обвинителството во меѓувреме кога за предметот Шпион веќе првостепено се осудени 19 лица. Очигледно е дека обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението. Со право се сомневаме дека Божиновски се држи во притвор со цел да не може да објави нови скандали за власта во пресрет на предвремените избори, велат од ЗНМ.

Од ЗНМ ја потсетија власта дека  Европскиот суд за човекови права од Стразбург во неговите пресуди има констатирано дека затвoрање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани за тероризам и говор на омраза и дека Судот смета дека притвор на новинари за други дела влијае негативно врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

Поврзани новости