Наместо за поплавените, паритe сепак ќе одат во џебот на Цеца, Северина и Чолиќ

by fokus 18:07
18:07

И покрај апелите парите за концертите на Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Здравко Чолиќ и Северина,  да се пренаменат за поплавените подрачја, сепак градоначалниците на Македонска каменица, Штип и Беровo не се откажуваат од концертите.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски во изјава за Мета вели дека општината секојдневно им помагала на поплавените, а одбележувањето на празникот Света Богородица и денот на рударите,  не можеле да им го ускратат на граѓаните, бидејќи бил единствен во годината. Нив оваа година ќе ги забавува Цеца, а сумата за која што ќе пее, од општината не ја откриваат.

И портпаролот на Берово, Марин Демировски не смета дека нешто ќе се помогне ако парите за Северина се пренаменат за поплавените подрачја. Тој вели дека манифестацијата  „Етно плоштад” бил единствениот период кога се исполнувале туристичките капацитети на градот.

Во Штип на „Пастрмалијада“ доаѓа Здравко Чолиќ. Општината не соопшти за колку ќе настапи популарниот Чола, бидејќи тоа било обврска на спонзорот, „Скопска пивара“, но како што веќе објавија дел од медиумите се работи за износ од 80 илјади евра.

Претходно, на социјалните мрежи се ширеа иницијативи за откажување на концертите, со цел општините тие пари да ги донираат за поплавените подрачја.

Тогаш градоначалникот Митевски, рече дека тоа се пишувања од под клима и побара тие автори да излезат на терен во Стајковци и да помогнат, наместо да седат на Фејсбук.

Поврзани новости