Бојмацалиев: Полицијата професионално ги спроведува изборите

by Fokus

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, го оствари своето демократско право на глас во Куманово и изјави дека нема поголеми нарушувања на изборниот процес.

„На територија на Куманово немаме поголеми нарушувања на изборниот процес, има неколку пријави за пренесување на лица од едно до друго место за гласање, агитирање пред избирачко место, нешто што е вообичаено за сите избори во минатато”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека полицијата постапува по сите пријави.

„Полицијата има постапено по тие работи, ги процесуираме, на крајот на денот очекуваме изборите да завршат безбедно и мирно. Сепак, сме земја членка на НАТО, земја која претендира кон ЕУ и е добро да покажеме и на овие избори како граѓани дека сме на добар пат, а ние како полиција од 2017 година до денеска дека професионално ги обавуваме своите службени должности”, рече Бојмацалиев.

Поврзани новости