Жител на Злетово починал откако паднал од покрив

by Fokus

Вчера претпладне, жител на Злетово починал откако паднал од покрив на куќа, додека го чистел оџакот, информираат од МВР.

„На 23.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешки телесни повреди бил донесен Ј.М.(56) од с.Злетово, кој по укажаната помош починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од покрив при чистење оџак. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости