Жерновски: Терасата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се руши!

by Фокус

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски повтори дека терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е нелегално изградена и затоа ќе биде срушена откако ќе заврши постапката на градежната фирма „Бетон“, која ја обжалила одлуката на општината.

– Завчера добивме документ од Министерството за транспорт и врски, каде второстепената Комисија ја уважила жалбата на „Бетон“. За да се спречи она што го најавивме, „Бетон“ вложил жалба, така да ќе почекаме тоа да заврши, но ве уверуваме дека ние до крај ќе ја истераме онаа одлука, а тоа значи дека ќе рушиме се што е дивоградба во Центар – рече Жерновски.

Поврзани новости