МВР: Нови над 2.000 бегалци влегоа во Македонија

by Фокус

Изминатите 24 часа 2.591 странски државјани добиле потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, а 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија (1.142), по што следуваат тие од Авганистан (857), Ирак (592)…

Поврзани новости