Зголемен бројот на пациенти на штипското инфективно одделение, се проширува на просторот на Неврологија

by Fokus

Штипското Инфективно одделение во попладневните часови ќе се прошири и на просторот на Одделението за Неврологија, бидејќи и дополнителните болнички кревети се пополнети.

Дијана Шишкова од Инфективното одделение за МИА вели со оваа одлука стапува на сила планот Б. Пациентите од Неврологија и целиот медицински персонал заминува на одделот за Урологија, со што се ослободуваат дополнителни 15 болнички кревети.

На одделението има 42 пациенти, од кои двајца ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Според Шишкова со оваа промена нема да има проблем во функционирањето на одделението,  бидејќи зградата е поврзана целина и до пред неколку години токму овие просротии биле составен дел од Инфективното одделение.

Поради зголемениот број пациенти се очекува на помош да им дојдат и медицински сестри, но и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози од одделенијата во штипската Клиничка болница.

Состојбата на пациентите кои се лекуваат на Инфективното одделение е променлива, имаат и со средна, но и со тешка клиничка слика. Околу осум пациенти се на повремена кислородна поддршка.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека се следи состојбата со новите случаи и во моментот има поединечни случаи во неколку државни и општински институции, но тоа се контакти од веќе постојните кластери и нема појава на поголеми групи на заболени.

Поврзани новости