Земјиштето во Центар е продадено по цена од време на Груевски, реагира СДСМ

by Фокус

Државното земјиште кое е продадено спроти зградата на „Нова Македонија“ е продадено по цена која е формирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со потпис на Никола Груевски, реагира СДСМ откако од ВМРО-ДПМНЕ побараа објаснување зошто парцела на атрактивна локација во центарот на Скопје е продадена за 7 евра по метар квадратен.

„За тоа постојат и документи кои потврдуваат дека преку Уредба за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, е одредена цена за приватизација на градежно земјиште согласно намената на објектот што на него ќе се гради. Според таа Уредба со потпис на Груевски, објавена во Службен весник во 2011 година, цената за метар квадратен земјиште во Општина Центар, во централно подрачје, за изградба на комерцијални деловни објекти изнесува 438 денари. По таа иста цена е продадено и земјиштето“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости