Здравство ќе проверува зошто лекарка во Дебар, која требало да прима 30 илјади денари плата, добивала двојно помалку

by fokus

Министерството за здравство ги проверува документите со вработувањето на лекарката во Дебарската болница, која била примена со договор на дело и примала плата од 15.000 денари, иако висината на платата требало да изнесува 30.000 денари, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на настанот за одбележување на Светскиот ден на населението, во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА .

-Ги побаравме од директорт на Дебарската болница во текот на вчерашниот ден сите документи да видиме како е постапено по конкурсот којшто пропаднал, како се потпишани договорите и кои документи се поднесени од страна на докторката и другите кои добиле договори на дело. Сакаме да направиме анализа дали се почитувани сите закони и дали е постапено по нив и согласно тоа ќе преземеме соодветни мерки, рече Филипче кој најави конкретни информации за случајот уште во текот на денешниот ден.

На новинарско прашање Филипче посочи дека и покрај тоа што се соочуваме со одлив на кадри од земјава, смета дека мерките кои ги превземаат и ги планираат во следниот период ќе влијаат на младите да останат во земјата.

Потсети дека платата за која лекарите може да се пријават на оглас и да добијат загарантирано работно место во примарните центри односно во здравствените домови е 30.000 денари.

Во  однос на медицинските сестри, рече дека на објавениот оглас се пријавиле околу 200 лица што според него е доволно да ги испромовираат патронажните сервиси и дека имаат позитивни сигнали од Фондот за здравство дека оваа мерка која требало да важи шест месеци ќе може да важи на неопределено време од следната година.

Поврзани новости