Здравствените работници бараат изземање од избирачките одбори, ДИК ги замолува на разбирање

by Frosina Fakova

ДИК на денешната седница вршеше избор на нови членови на местата на оние лица кои барале изземање од ОИК или од избирачките одбори.

До ДИК има пристигнато голем број барања за изземање од здравствените работници кои ќе бидат ангажирани на 13 јули за гласањето на лицата со Ковид и во самоизолација. Во овие посебни избирачки одбори се избрани 300 здравствени работници. Имало 80 оправдани барања за изземање и 20 неоправдани.

Членот на ДИК, Елизабета Постолоска, од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ги замолува здравствените работници на разбирање, додавајќи дека сите сме свесни колку се тие на удар и ангажирани последниве месеци поради пандемијата со Ковид-19.

-Ако продолжиме со ваков интензитет на изземање ние нема да можеме да формираме избирачки одбори, рече Постолоска.

Поврзани новости