Здравствениот дом во Ресен без вода, се работи на санирање на дефект

by fokus

ЈЗУ Здравствен дом Ресен веќе неколку дена е без вода. Вработени во болницата, кои ја контактираа редакцијата на ,,Фокус” информираат дека нивната институција е оставена без вода, што претставува голем проблем, посебно поради тоа што се работи за здравствен дом, а како отежителна околност се и горештините. Вода имало единствено во Итната помош.

Градоначалникот на Ресен, д-р Живко Гошаревски во телефонски разговор за ,,Фокус,, вели дека е во контакт со директорката, д-р Сања Андоновска, и како екипи на комуналното претпријатие од општината веќе работат на решавање на проблемот.

-Директорката информираше дека станува збор за дефект, на кој веќе се работи. Жал ни е поради немилата ситуација, се работи на нејзино надминување и веруваме дека проблемот за кратко време ќе се реши. Молиме за разбирање – изјави Гошаревски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости