Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот

by fokus 09:01
09:01

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ.

До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.  Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.​Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава,  и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави. Онаму каде што ќе има помалку од десет пријавени нема да се спроведе гласање. Иселениците кои се пријавиле за гласање на референдумот во ДКП-та, нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во земјата. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември.

- Advertisements -

Јавен увид во Избирачкиот список, заклучно со вторник 21 август вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, следат Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.
До полноќ можат да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, и да се доставуваат пријави од иселениците за изјаснување на референдумот.

Поврзани новости