Земјотрес со интензитет 6,3 степени ја погоди Алјаска

by fokus

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени ја потресе синоќа американската држава Алјаска.

И покрај тоа што епицентарот на земјотресот бил на оддалечените Андреановски Острови, тој се почувствувал во градот Адак, кој е оддалечен околу 150 километри.

Земјотресот бил на длабочина од околу 11 километри, посочува Сеизмичкиот институт на Алјаска.

Нема информации за повредени или нанесена материјална штета.

Поврзани новости