Закани кон Бендевска за физичка ликвидација

by Фокус

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза, кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија.

Од Комисијата велат дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост.

Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација, а во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини.

„За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција“, наведуваат од КСЗД.

Поврзани новости